Семејството Белогазовски од Делчево бара парична помош за операција на 17 годишниот син

По сообраќајна несреќа која се случила 2007 година, 17 годишниот делчевец Дејан Белогазовски се здобил со стеноза на грлото и веќе 14 години дише со помош на вградени цевки-канели. Неговиот татко Гоце Белогазовски, информира дека за да може да зборува неговиот син, потребна е итна операција која не може да се направи во Македонија.

-Во Македонија не може да се направи оперативен зафат после која Дејан ќе може да зборува. Се обративме до сите приватни и државни болници, каде од Систина ни препорачаа најсигурно и најбезбедно да се направи оперативен зафат во Виена, Австрија. Цената за тоа изнесува 18.000 евра, што е превисока цена за нас како двајца родители со ниско образование и мали примања, вели Гоце Белогазовски.

По сообраќајката не добиле никаква оштета од тогашното Здружение на возачи, заради што поради ниските примања семејството Белогазовски ја бара помошта од хуманите граѓани од Делчево и околината.

-Ние немаме можност самите да ги собереме овие средства, па ги замолуваме сите хумани граѓани, кои сакаат да донираат на жиро сметката која ја имаме отворено. Имаме помош и од Беровчани, луѓето иако имаат и тие проблеми ни отвараат и ни излегуваат во пресрет. Господ на сите да им дава здравје што не разбираат и ги почитуваме. Живееме во Делчево под кирија, вработени сме со сопругата, примаме минимална плата оти сме со ниско образование, живеевме во стариот противпожарен дом од каде не истераа, потоа ни беше доделен стан кај автобуската, таму плаќаме кирија, струја, вода, средства кои се високи за нас, а камоли да одделиме за операција, додава Белогазовски

За претходната операција која како што додава Гоце била неуспешна, имале поддршка од Трифун Костовски и други граѓани од Скопје. Како благодарност за здравје за Дејан и сите што им помагаат, имаат изградено чешма на регионалниот пат Берово – Делчево.

Жиро сметка на која хуманите можат да донираат е со број 300057075450615 на име Сузана Белогазовска, Комерцијална банка АД Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*