
Екипата на Хоризонт се покажа како пресилен противник за фудбалерите на Брегалница Делчево кои со убедлив пораз од 5:1 се враќаат од гостувањето во Турново.
На делчевци им пресудија трите погодоци на разиграниот Крстев, како и двата гола на Амедов и Глигоров, додека при водство од 3:0 Дарко Пешовски од пенал го постигна голот за Брегалница.
Со овој пораз делчевци „паднаа“ на третото место на табелата во Третолигашката фудбалска лига Исток.
Еве ги и останатите резултати од 16.Коло:
Хоризонт – Брегалница (Д) 5:1
Детонит – Овче Поле 2:1
Работник – Малеш 0:2
Чешиново – Спартмани 6:0
Тиверија – Карбинци 0:3
Василево – Раклиш 2:2

Leave a Reply