Реализиран онлајн час за запознавање со работата на делчевската локална самоуправа

Во делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ реализиран онлајн час на кој учениците од одделенска настава од IV одделение заедно со нивниот одделенски раководител Васка Филиповска се запознаа со работата на првиот човек на градот градоначалникот и на Општината.

Активностите се реализираа како дел од наставната програма по предметот Општество, а најзначајните теми за кои најмногу интерес пројавиле за подобрување на условите за спортски и рекреативни активности за младите.

-Ме радува фактот што учениците од 4 одделение се интересираа за повеќе теми, како за поголема безбедност во сообраќајот, поставување урбана опрема и изградба на скејт-парк и аква парк и повеќе содржини за младите. Исто така, ми претставуваше задоволство што можев да одговарам на прташањата на учениците и да ги запознам со актуелните проекти во Делчево и мојата улогата како градоначалникм истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој им се заблагодари на учениците за нивниот интерес на онлајн часот.

Слични активности како што додадоа од Општината се предвидени и со ученици од деветолетката „Ванчо Прке“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*