Делчевецот Никола Анакиевски се најде во составот на РК „Вардар“ за мечот од СЕХА кој на 27 април, поранешниот Европски шампион го игра со српскиот шампион Војводина.
Тренерот Стевче Алушовски на овој натпревар ќе смета на шестмина кадети од генерацијата 2003/04, кои веќе се пријавени за настап во регионалното натпреварување. Станува збор за левиот бек Никола Анакиевски (18/92/192), голманот Никола Спасовски (17/181/78), средниот бек Виктор Трифуновски (18/85/88), левото крило Марио Стојановски (17/80/183), пивотот Александар Стојменов (17/85/181) и десното крило Матеј Трајановски (17/80/180).

Пред да ги започне настапите за Вардар, беше еден од најдобрите поединци во екипата на РК „Делчево“ за која одигра над 50 натпревари во пионерска и кадетска конкуренција.
По завршувањето на основното училиште во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево, Никола Анакиевски средното училиште го продолжи во Средното државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје, каде ги има сите услови кои може да ги посака еден млад ракометар.

Неговиот квалитет беше препознаен додека играше во екипата на РК Делчево, по што замина во академијата на двократниот европски шампион, Вардар.
Никола има се што му е потребно за да биде врвен ракометар – висина, скок, шут, а ние му посакуваме многу среќа.
Честитки Никола, па наскоро заедно да се радуваме и на повик од репрезентацијата на Македонија.
Натпреварот против Војводина се игра на 27 април со почеток во 17:00 часот. За Вардар има две опции – ако ремизира или победи, го скока осминафиналето во СЕХА и ќе игра директно во четвртфиналето против Веспрем. Доколку загуби го избегнува унгарскиот гигант, но ќе мора да игра и осминафинален двобој.
Leave a Reply