Во цврст прволигашки „плеј-аут“ натпревар РК „Делчево“ славеше над РК „Борец“

Екипата на РК „Делчево“ славеше над тимот на РК „Борец“ во првенствен прволигашки плеј-аут натпревар кој денес се одигра во салата „Методи Митевски – Брицо“. До победата од 35:33 делчевци дојдоа во второт полувреме, откако Велешани имаа водство на полувреме од 15:16.

Тренерот на делчевци Гоце Стоиловски по победата изјави дека не е задоволен од прикажаната игра но како што додаде резултатот е одличен имајки го предвид недостигот на ракометари во составот.

-Нормално задоволен сум со крајниот резултат, не со играта која ја прикажавме, но со оглед не бевме повторно комплетни. Честитки до ракометарите бидејки против Борец се бореа добро и постигнаа победа. Ќе гледаме што побрзо да го заборавиме овој натпревар и да се подготвиме за следните натпревари, рече Стоиловски.

Најефикасни поединци на денешниот натпревар беа Мирче Ѓеорѓиев со 14 голови и Гоце Ѓорќиевски со 8 голови. По оваа победа делчевци се наоѓаат на третото место и го претекнаа тимот на Борец на плеј-аут табелата во Првата ракометна лига на Македонија, а веќе во следното коло му гостуваат на лидерот Преспа. 

Во рамки на денешниот натпревар кој се одигра пред празни трибини поради мерките за заштита од ковид-19, ракометарите ги направија задолжителните ковид тестови кои од ова коло станаа задолжителни за спортските екипи кои се натпреваруваат под капата на Ракометната федерација.

Доколку не сте го гледале натпреварот тоа можете да го сторите тука

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*