Aприлската плата на делчевскиот градоначалник наменета за хумани цели

Во пресрет на велигденските и рамазанските празници, а со цел да им се излезе во пресрет на 40 загрозени семејства од Делчево, градоначалникот на општина Делчево ја донираше априлската плата за хуманитарни цели. Со паричната донација како што информираа од Општината, обезбедени се по 20 прехранбени пакети за семејства од христијанска и муслиманска вероисповед.

-Хуманитарните пакети денес беа дистрибуирани до градската црква „Света Богородица“ и до Џамискиот одбор од градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı “, каде одговорните лица ќе ги распределат пакетите до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена. Целта на хуманитарната мисија  на Трајковски е да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават големите празници и да се покаже со дела дека никој во општината не е заборавен, истакнаа од Општината. 

Ова како што додадоа не е прва хуманитарна акција на Трајковски. Претходните години, како што додадоа тој на четири многудетни семејства од Разловци, Тработивиште, Вирче и Илиово, како и на семејство чија куќа изгоре во пожар во селото Русиново, донираше мебел за подобрување на условите на живот на овие семејства.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*