Во Македонска Каменица се одбележа годишнината од смртта на бранителот Миле Јаневски – Џингар

Во Македонска Каменица се одбележа годишнината од смртта на бранителот Миле Јаневски Џингар, кој пред 20 години загина кај Вејце во воениот конфликт од 2001. Пред неколкуте спомен обележја посветени на Јаневски свежо цвеќе положија претставници на Министерството за одбрана, припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци“, претставници на локалната самоуправа, просветни работници и претставници од заедницата. 

Оддавајки му почит на загинатиот херој градоначалничката Соња Стаменковска истакна дека Миле Јаневски со своето херојско дело ги обврзува сите граѓани да го продолжат патот на создавање на сигурна и безбедна иднина на младите генерации. 

-Одбележувањето на овој датум е посебен ден за сите нас. Ден полн со емоции, ден кога градот го слави името на Миле Јаневски Џингар. Херојот кој својот живот го положи за одбрана на татковината, постхумно е одликуван со медал за храброст. Поради тоа обврзани да го издигнеме образовниот процес во училиштето кое го носи неговот име на повисоко ниво, како наш врвен приоритет во работењето. Нашиот пат е посветен на младите луѓе, отворање перспективи, нови визии,  восприемање на европските вредности и нивна подготовка за пазарот на трудот, рече Стаменкова.

Годинава, кога се навршуваат 20 години од смртта и загинувањето на Миле Јаневски Џингар, патрониот празник на училиштето како што додаде се одбележува во специфични услови, создадени од појавата на пандемијата на Ковид-19.

-Во изминатиот период, покрај осовременувањето на условите за работа во училиштето, работиме на создавање на нови профили на стручно образование во училиштето, со силна заложба да го одржиме приматот за една од најдобрите гимназии во регионот, додаде Стаменкова.

Во рамки на одбележувањето беа доделени наградите од реализираниот литературен и ликовен конкурс „Од детство до вечноста“ во чии рамки младите од Македонска Каменица твореа за ликот и делото на херојот Миле Јаневски Џингар

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*