Локализиран пожарот кој избувна во близина на туристичкиот комплекс Аурора во Берово

Локализиран пожарот кој денес околу 14:30 часот избувна во близина на туристичкиот комплекс Аурора на Беровско Езеро. Според информации на Сашко Руменовски, командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, во пожарот опожарена е површина од околу 5 декари. 

-Дојавата во ТППЕ Берово е примена околу 14:30 часот, по што од наша страна е интервенирано со две возила, една цистерна и возило „бремач“. Во гаснењето учествуваа 4 пожарникари на кои помош им пружија и вработени во комплексот како и туристи. Во моментот пожарот е локализиран, но наши екипи остануваат во обиколка на теренот, информираше Руменовски.

Во гаснењето на пожарот учествуваше и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој за претстојните празници апелира на одговорност во делувањето во природата, придржувањето на сите граѓани кон мерките за делувањето во природа и придржување кон сите актуелни здравствени мерки.

Екипата на противпожарната единица останува на терен за надгледување на ситуацијата.

Причините за пожарот ќе бидат познати по извршениот увид, а како можен причинител се наведува човечки фактор.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*