До крајот на мај најавена реконструкција на кровот на Спомен домот на Разловечкото востание

Директорот на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ Методи Толевски ја информира јавноста дека започна постапката за реконструкција на кровната конструкција на Спомен домот на Разловечкото востание.

-Во четвртокот заврши јавната набавка. Овие денови очекуваме да ги отвориме понудите и да склучиме договор со најповолниот изведувач. Сите средства за санација на кровната конструкција на Спомен домот во село Разловци се обезбедени преку проект на Министерството за култура, рече Толевски.

Директорот на установата очекува по потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач да започнат градежните активности и најдоцна до 30 мај да бидат завршени активностите за реконструкција на Спомен домот на Разловечкото востание.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*