Преку онлајн форум започнува проект за покревање локални иницијативи за родова еднаквост во Делчево

Во Делчево започнува реализацијата на проектот за покревање  политики  и  буџетски иницијативи,  како и следење на  спроведувањето  на  локалните  акциски  планови  за  родова еднаквост. За успешна реализација на проектот како што информираа од Општината, планирани се форумски сесии на кои учество ќе земат граѓаните на Делчево

-Се работи за онлајн форум во заедницата кој има за цел да ги идентификува специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Делево. Целта е обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на општинските програми, информираа од Општината.

Поради актуелната состојба со Ковид 19, почнувајки од утре, среда 5 мај 2021, форумите во три циклуси ќе се одржат онлајн.

-Форумите ќе бидат со времетраење од 2 часа и истите ќе бидат реализирани почнувајки од првата форумска сесија закажана за утре. На истата е предвидено дефинирање на проблемите и предизвиците, додека во понатамошниот тек на сесиите на 7 и 10 мај 2021, ќе се дефинираат и конкретните предлог решенија преку презентација на резултатите и понатамошни чекори во врска со проектот. Повеќе детали за сите кои сакаат да учествуваат на овие онлајн форуми се достапни на општинската веб-страница, додадоа организаторите.

Проектот „Низ  женски  леќи:  покревање  политики  и  буџетски иницијативи,  следење на  спроведувањето  на  локалните  акциски  планови  за  родова еднаквост“ се реализира во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип.

Повеќе за ова на следниот линк https://www.delcevo.gov.mk/soopstenija/23891

Линк за регистрација и учество на форумот: https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIkfumgqz4oGNJcIG9zeMv3kge9BMtf8xHh

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*