Преку Источно-планскиот регион во Делчево во 2020 година реализирани проекти вредни 20 милиони денари

Во Делчево преку програмата за работа на Источно-планскиот регион во 2020 година се реализирани проекти во висина од над 20 милиони денари. Меѓу позначајните реализирани проекти во изминатата година, координаторот на ИПР Емил Василев ги напомена изградбата на пешачкиот мост и изградбата на агрометеоролошка станица.

-Во 2020 година е извршено плаќање за пешачкиот мост на река Брегалница кој беше дел од програмата за работа во 2019 година, а плаќањето е извршено во 2020 година. Исто така имаме повеќе проекти кои се спроведени преку Швајцарската амбасада. Минатата година самите знаете дека е година на пандемија и средствата беа во помал обем но Делчево како партиципиент имаше еднаква застапеност со проекти, како и во останати општини кои се рамномерно опфатени, истакна Василев.

Од општина Делчево изразија задоволство што искористеноста на средствата преку Источно-планскиот регион е на задоволително ниво поради што градоначалникот Горан Трајковски изрази надеж дека така ќе биде и во наредните години.

-Сите знаете дека оваа година ќе се прави градскиот пазар преку договор со Министерството за локална самоуправа. . За реализација на втората фаза за чии градежни активности треба да биде распишан тендерот имаме на располагање 15 милиони денари кои исто така се обезбедени преку Источно-планскиот регион, рече Трајковски.

Во продолжение дискусијата од презентацијата на годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Источно-плански регион:


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*