Во делчевската населба Ѕвегорска река во тек е изградбата на крак од фекална канализација

Во делчевската населба Ѕвегорска река во тек е изградбата на крак од фекална канализација. Целта на реализацијата на овој инфраструктурен проект како што истакнаа од Општината е решавање на проблемот со отпадните води во оваа населба. ‘

-Во соработка со Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ и согласно со Годишната програма за работа и барањата од граѓаните, продолжуваме со работа на изградба на фекални канализации во делови од населени места, каде досега не беше изградена канализација. Конкретно во населбата Ѕвегорска река се гради крак од фекална канализација на која ќе се поврзат новоизградените стопански субјекти и комплетно ќе се реши проблемот со отпадните води во овој дел од населбата, информриаа од Општината.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид во реализацијата на овој инфраструктурен проект додаде дека со реализацијата на вакви активности во голема мера се подобрува квалитетот на животот на граѓаните. 

-Влогот во развој и унапредување на инфраструктурата е влог во услови за подобар живот во секое наше населено место и во оваа насока ќе продолжиме да работиме и во наредниот период, додаде Трајковски

Претходно инфраструктурни активности од сличен карактер се реализираа во повеќе рурални средини во Делчевско.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*