Во општините Делчево, Берово и Пехчево реализирани активности за подобро запознавање со ромската култура и јазик

Во општините Делчево, Берово и Пехчево реализирани активности за подобро запознавање со ромската култура и јазик. За таа цел во општините од Пијанечко-малешевскиот регион беа дистрибуирани примероци од Речникот и Граматиката на ромски јазик. Споменатата литература како што информираше Џулиета Мемедова од ЕЛС Делчево ќе биде предадена на библиотеката и општоинските основни училишта во Делчево.

-Конкретно во општина Делчево беа дистрибуирани 30 примероци речник на Ромски и македонски јазик и 50 примероци граматика. Во рамки на претходно потпишаниот договор, денес претставници на Владата на РСМ ни ги врачија книгите чии примероци ќе бидат врачени на библиотеката и двете основни училишта каде како предметен наставен јазик од годинава е воведено и изучувањето на ромскиот јазик и ромска култура за учениците од основно образование, рече Мемедова. 

Примероците на Граматиката на современиот ромски јазик и Речникот на ромски јазик како темелници на јазичната култура и наука на ромската заедница освен во општините Делчево, Берово и Пехчево, претходно се испорачани и во општините Шуто Оризари, Штип, Кочани, Виница,, Куманово, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Велес и Крива Паланка.

Активностите се дел од 50 годишниот јубилеј од одржувањето на првиот Ромски конгрес.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*