Цркви кои го носат името ,,Св.Ѓорѓи” во Делчево

Свети Ѓорѓи е главна селска црква во пијанечкото село Град

Црквата се наоѓа во непосредна близина на самото сретсело.

Историја

Црквата била изградена во 1858 година, а во 1904 година била срушена во земјотрес. Подоцна, била повторно изградена. Не е познато кога и од кој архијереј била осветена.

Фрескоживопис

Црквата не е зографисана, а иконите во внатрешноста се од XIX и XX век од зографот Гаврил Атанас.

ЦРКВА (МАНАСТИР) СВ.ЃОРЃИ ВО СЕЛО ВИРЧЕ

Свети Ѓорѓи е помала селска црква во пијанечкото село Вирче.

Црквата се наоѓа од десната страна на пристапниот асфалтен пат до селото Вирче, кој се исклучува од регионалниот пат Делчево-Берово.

ЦРКВА СВ.ЃОРЃИ ВО СЕЛО КИСЕЛИЦА

Свети Ѓорѓи — црква во близина на селото Киселица. Црквата е сместена западно од селото, непосредно на десната страна од патот кој води од селото Ветрен.

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа. Влезот е сместен на источната страна, а просторот пред влезната врата е покриен со натстрешница. Над влезната врата има слика на Свети Георги. Целата градба е обоена во бела боја, со исклучок на цоклето кое ја истакнува употребата на камен при изградбата.

Во дворот на црквата, од нејзината десна страна има макета на црква со камен крст.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*