Без поголеми групирања во Делчево одбележан празникот Источен Петок – Балаклија

Без поголеми гужви и собирања во Делчево одбележан празникот Источен Петок – Балаклија. Денешниот ден како што истакнаа од делчевското свештенство е христијански празник кој паѓа во Светлата Недела заради што е наречен Светол или Источен Петок и додадоа дека празникот од памтивек се слави кај манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“.

-Вообичаено на овој ден граѓаните доаѓаат да запалат свеќи и да се помолат за свое и здравје на своите најблиски. Порано се служеше и заеднички ручек за сите кои ќе го посетат местото, но последните две години, вклучувајки ја и годинава поради пандемијата оваа традиција изостана, велат свештениците.

Граѓаните кои денес го посетија овој манастир ги почитуваа мерките за заштита и посакаа догодина пандемијата да заврши, со што посетителите повторно во голем број ќе го слават празникот.

-Нека  е за многу години празникот. На сите им посакувам многу здравје и среќа, а догодина „здравје Боже“ во поголем број да се сретенеме и да го одбележиме празникот, истакна посетителка од Делчево.

За манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ меѓу народот постои верување дека изворот со вода која тече во подножјето на црквата е лековита поради што најчесто е посетуван од населението од Пијанечкиот регион. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*