Искористена првата доза вакцини против Ковид-19 во Пехчево

Во општина Пехчево од почетокот на вакцинирањето досега се вакцинирани 200 граѓани кое ја примиле првата доза. Сите од нив како што информираше директорката на установата Руменка Станоевска ја примиле вакцината АстраЗенека.

-Сите дози заклучно со вчерашниот дом се искористени. Очекуваме да добиеме и од кинеската вакцина и со неа да вакцинираме дел од населението, рече Станоевска.

Во меѓувреме како што додаде вакцина примиле и поголем дел од здравствените работници, кои очекуваат да ја завршат и ревакцинацијата.

-Дел од здравствените работници кои се вакцинирани веќе ја примија и ревакцината од вакцините Фајзер и Спутник. Поради тоа што во меѓувреме стигнаа повеќе вакцини, очекуваме во наредниот период граѓаните масовно да се вакцинираат, додаде директорката на пехчевскиот здравствен дом.

Во пехчевскиот здравствен дом на почетокот на минатиот месец поради доцнење на вакцинирањето се вакцинираа и граѓани од Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*