Баскет Кам го ,,збриша” Бадел во финалето од женскиот кошаркарски Куп

Составот на Баскет Кам со златни букви ќе биде испишан во историјата на македонската женска кошарка откако тимот од Македонска Каменица го освои Купот на Македонија, триумфирајќи во финалето против Бадел 1862 со 64-81. Баскет Кам одигра одличен натпревар на двата дела од теренот, целосно ја искористи предноста во висина, го контролираше мечот од самиот почеток па се до крајот и сосема заслужено стигна до првиот трофеј во својата историја.

Кошаркарите на Баскет Кам мотивирано го отворија натпреварот, користејќи ја својата предност во вистината со целосна контрола на скокот. Добриот проток на топката носеше и отворени обиди од поле, па високата реализација составот од Македонска Каменица ја изрази со предност од 17-27 по првите десет минути игра и покрај тоа што Бадел одигра добро во рекетот на противникот од каде постигна 10 поени. Моментумот на Баскет Кам продолжи и до крајот на првото полувреме до кое „сините“ успеаја да го затворат пристапот под обрачот и го натераа противникот на шутот од далечина кој не беше во полза на „баделки“. На спротивната страна течниот напад продолжи да носи лесни поени, функционираше и шутот за три поени па Баскет Кам на полувремето замина со огромни 28-50.

На крилјата на Мирашиновиќ и Гобелјиќ, Баскет КАМ продолжи да го контролира натпреварот и на отварањето на второто полувреме. Избраничките на Стамески немаа одговор за играта во рекетот на тимот од Македонска Каменица па предноста на „гостите“ од минута од минута стануваше се поголема, а на истекот на 30. минутата истата изнесуваше +30 (41-71). Последната четвртина беше само формалност во која Бадел заигра далеку подобро, но тоа беше доволно само да го ублажи поразот.

Тандемот Гобелјиќ-Митрашиновиќ го предводеше својот состав со 25 поени, 9 скока и 5 асистенции, односно 22 поени, 12 скока и 8 асистенции, додека како двоцифрени со 12 поени и 7 скока, односно дабл-дабл од 10 поени и 12 скока натпреварот го завршија и Ивана Кметовска и Ивана Брајковиќ. Кај Бадел 1862 прво име беше Александра Стојановска со 22 поени, 7 скока и 4 асистенции, додека Нена Трајчевска натпреварот го заврши со 21 поен, 11 скока и 5 украдени топки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*