Видео: „Зборче“ – книжарницата на тркала денес се сретна со читателите од Делчево

Книжарницата на тркала „Зборче“, денес пред делчевчани ги претстави најдобрите книги од Европски автори, а понуди на продажба и дел од книгите од издавачката куќа Антолог. 

-Со нашиот проект „Книжарница на тркала“ денес сме во Делчево по два повода, едниот повод е Денот на Европа – 9 Мај, преку кој го промовираме нашиот проект „Прекрасни нови светови“ за промоција на 10 исклучителни книги од познати Европскки автори, а воедно ќе правиме и потпишување книги и промоција на книгата „Не им правете сенка на гробовите“, истакна претставникот на Антолог, Кристина Дуковска.

Активноста како што информираше Билјана Петровска, директорка на Јавната локална библиотека „Илинден“ се реализира како резултат на добрата соработка помеѓу издавачката куќа и библиотеката.

-Навистина ни е многу драго што подвижната книжарница на Антолог денеска е во нашиот град. Делчевчани имаат можност да разгледаат и купат добри книги и изданија. Уште поголемо е задоволството што денес се промовира книгата “Не им правете сенка на гробовите на нашиот роднокраен автор Дијана Петрова. Книгата на Дијана веќе ја има во нашата библиотека и е достапна до нашите читатели. Од име на ЈЛБ „Илинден” им посакуваме многу успех и уште многу промоции, рече Петровска.

Настанот  како што информираше советникот за односи со јавност Даниела Такева, се реализираше во соработка со Општина Делчево.

-Пишаниот збор руши граници а книгата е таа која обединува милиони вљубеници во пишаниот збор и сметаме дека е соодветен начин и како симбол книгата на овој начин со книжарницата на тркала на Антолог да го одбележиме Денот на обединета Европа – 9 Мај, додаде Такева.

За авторката на книгата „Не им правете сенка на гробовите“, Дијана Петрова повеќе од голема чест да се биде дел од вој настан.

-Ова е моја втора промоција во Делчево и ми е драго што секогаш наидувам на добар пример што значи дека културниот живот во Делчево се развива. Месецот имавме повеќе настани, така што за мене е чест што сум дел од еден таков настан, рече Петрова.

Книжарницата на тркала „Зборче“ претходно имаше дружење со читателите од М.Каменица.

Повеќе за настанот од изјавите во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*