Мицкоски од Делчево: Заев и Филипче фатени со рацете во мед

 Во посета на градот Делчево денес присуствуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој пред медиумите излезе со изјави на повеќе теми. На новинарско прашањето Мицкоски одговори на прашањето за според него сомнителната набавка на кинеските вакцини, како и за обвинувањата од страна на власта дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за изградбата на Клинички центар. 

Во однос на набавката на кинеските вакцини, Мицкоски потенцираше дека се работи за огромен криминал, односно дека власта е фатена со рацете во медот. 

-Набавката на вакцините е сомнителна од самиот почеток на процедурата и за тој случај некој ќе мора да сноси последици, бидејќи не е нормално да се премолчи криминал тежок 7,8 милиони долари, односно пари кои што биле дадени како аванс на фирмата посредник, вели Мицкоски. Парите кои биле префрлени на фирмата посредник за која што Заев и Филипче велеа дека не постои, се пари на граѓаните на Република Македонија. рече Мицкоски.

Во време на светска здравствена пандемија, каде што секојдневно се губат човечки животи, власта пресметува провизии и краде народни пари врз грбот на граѓаните кои се уште молат за вакцини, додаде претседателот на ВМРО ДПМНЕ, притоа напоменувајки дека сите земји од светот ги набавуваат вакцините по цена од 25 до 35 долари, а Република Македонија истите вакцини ги плаќа над 60 долари, што е речиси двојно повеќе, што според него е доказ дека оваа власт е до гуша вмешана во криминал и дека народни пари се крадат на дневна основа, но за сето тоа како што дополни че следи дебела казна и некој ќе мора да одговара за сиот сторен криминал.

Во однос на прашањето за изградбата на Клиничкиот центар, Мицкоски беше дециден дека Клинички центар ќе се изгради, но само со претходно предложен реален проект кој нема да биде на финансиска штета на граѓаните

-Наместо младите лекари да ги полнат клиниките низ Европа, да останат во Република Македонија и да учествуваат во заврснувањето на здравствениот систем, вели Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да дозволи да се потрошат 508 милиони евра за само триесетина страни физибилити студија и уште дополнителни средства за други инсталации кои се предвидени во таа физибилити студија, како што се пристапните патишка, енергетското напојување, гасното напојување и уште низа други зафати кои државата ќе ја чинат премногу, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ кажа и дека ВМРО ДПМНЕ како политичка партија, не може да дозволи најкорумпираната власт во Европа да потроши 508 милиони евра народни пари само за триесетина страни физибилити студија.  Кога власта ќе има подготвен и реален проект, проект кој може да добие своја финализација, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи изградба на Клинички центар. Воедно посочи дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има идејно решение и проект кој опфаќа ревитализација на постојниот Клинички центар “Мајка Тереза”, изградба на Ковид центар и спојување со постоечката Воена болница, како и со болницата Букурешт, а дополнително на тоа како што додаде и вложување средства во три универзитетски клинички болници како што се болниците во Штип, Битола и Тетово.

-Доколку Владата е заинтересирана за вложување во јавното здравство, тогаш тоа не мора да го прави преку криминални дејанија, туку нека го поддржи проектот на ВМРО-ДПМНЕ за обновување на Клиничкиот центар Мајка Тереза, за спојување на Воена болница со болницата Букурешт и на таков начин ќе се помогне реално на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ има готов проект, власта треба само да го прифати и да ги одобри средствата кои државата ги има за реализација, а тоа значи дека истиот може да отпочне со реализација веднаш. Се останато е само празна флоскула и манипулација со јавноста, која што ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прифати, заврши Мицкоски во својот одговор на новинарско прашање од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*