Мицкоски од Делчево: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот кој го вршат врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Во рамки на денешната посета на Делчево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, како одговор на новинарско прашање изјави дека изнел различен став од она што било дискутирано, заради фактот што според него се работи за дволичност. Иако на средбата имале усогласен ставови, како што додаде Мицкоски очигледен е притисокот кој се врши врз Пендаровски.

-Генерално ние внатре  се сложивме за се, како што кажав и на мојата изјава надвор, откако излегов на состанокот кој го имав со господинот Пендаровски. Тоа што го спомнав надвор, практично се согласивме и внатре за време на средбата, но очигледен е притисокот којшто се врши врз него, од оние би рекол новинарски пера којшто се под директна команда и влијание на СДСМ и Зоран Заев, но и од медиумите каде што влијанието на СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски.

Она што според Мицкоски е забележливо и тоа очигледно според него оставило трага кај претседателот Пендаровски, тој го разбира, но како што додаде не може да  го оправда, бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност.

-Едно лице да имате на средбата, едно да имате надвор пред камерите, но во ред битно е дури ваков притиснат Пендаровски излезе надвор со став дека сепак доколку имаме нови докази овој случај, како и многу други случаи во минатото да започне од самиот почеток, дополни Мицкоски.

Посочи да се почека конечно пресудата од второстепениот суд Апелација, да ја добијат осудените лица и нивните бранители и потоа да можат да го користат вонреден правен лек,  односно да приложат нови докази.  

Да го искористат инстурментот вонреден правен лек за да можат понатаму да ги презентираат новите докази пред третостепенипот суд Врховниот Суд или пред европскиот суд за човекови права во Стразбур, такашто на крајот од денот ја сепак сум задоволен затоа што најмалку што во овој момент им треба на граѓаните да слушаат исфрустрирани политичари, туку треба да слушаат и гледаат политичари којшто знаат како да се справат и да ги решаваат проблемите а не да ги создаваат проблемите, во таа насока беше и таа наша вчерашна средба, посочи Мицкоски одговарајки на новинарско прашање при денешната посета во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*