Во Делчево заврши онлајн-форумот како дел од европскиот проект „Низ женски леќи“

Во Делчево заврши онлајн-форумот во заедницата кој се организираше како дел од европскиот проект „Низ женски леќи“. Љупка Трајановска од Центарот за истражување и креирање политики информираше дека во рамки на онлајн форумот во Делчево произлегле околу 30 проблеми и приоритети, кои во наредниот период, имплементирачките организации ќе ги застапуваат пред општината.

-Јас сум искрено многу задоволна што Општина Делчево е првата општина каде започнува со форумите, во чии рамки мобилизиравме граѓаните за да можеме да ги слушнеме нивните потреби и приоритети. Од она што е досега сработено, имаме издвоено некаде 30 проблеми и приоритети на граѓаните, но и нивни решенија. Сите проекти ќе бидат прерточени во едни предлог политики и буџетски иницијативи, кои во наредниот период ќе ги застапуваме пред општините, со цел креирање на прироритети и остваување на дел од нив, истакна Трајановска.

Сузана Петровска од ЕЛС Делчево, како координатор на Комисијата за еднакви можности при Општина Делчево изрази задоволство од учеството на граѓаните на трите сесии, кои се реализираа во рамки на онлајн форумот.

-Со овој настан денеска и со оваа трета сесија завршија форумите во заедницата. Нашите очекувања се остварени во целост, најпрво од бројноиста од учествоито на граѓаните на форумите и од приоритетие и решенија кои граѓаните ги нотираа. Ние ќе се потрудиме да ги прифатиме сите предлози од овој форум во нашите програми и се надевам дека со буџетот за следната година барем половина ќе бидат реализирани. Дополнително ќе имаме во предвид дека како реални проблеми на граѓаните, останатите прироритети ќе бидат ставени во буџетите за наредните години, рече Петровска.

Онлајн форумот за родово буџетирање утре продолжува во Македонска Каменица, а од Центарот за истражување и креирање политики заедно со проектните партнери Рурална коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО Штип и Лулуди, очекуваат продолжување на борбата за родово-одговорно буџетирање на локално ниво, преку вклучување на локланите граѓански организации кои функционираат во 17 општини во кои се реализира европскиот проект „Низ женски леќи“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*