Дела од роднокрајниот автор Драган Арсов и семејна колекција од 2000 книги донирани на ЈЛБ „Илинден“

Делчевската библиотека Илинден денес на подарок доби 2000 книги од богатата колекција на семејството Арсови од Делчево. Дел од книгите се авторско дело на професорот Драган Арсов кој за време на неговиот работен век меѓу останатите, обработуваше теми за културно-историскиот развој на Пијанец. По повод една година од неговата смрт неговата сопруга Лимонка Арсова денес донираше дел од семејната колекција книги кои отсега читателите ќе можат да ги најдат на полиците во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево.

-Еден од оние наши сограѓани кои во својот дом имаат големи и богати библиотеки, беше покојниот професор Драган Арсов. По неговата смрт, неговата фамилија одлучи дел од богатиот книжевен фонд, кој брои околу 2000 книги, да го подари на ЈЛБ „Илинден“. Тоа се книги кои се вистинско богатство и кои библиотеката вреди и треба да ги има. Има и стари изданија кои во денешно време тешко можат да се најдат. Од име на ЈЛБ „Илинден”,огромно благодарам, рече директорката на библиотеката Биљана Петровска.

Лимонка Арсова, сопругата на покојниот професор Драган Арсов изрази надеж дека книгите ќе им користат на помладите генерации.

-Негови дела се Историјата на Делчево, II тома има издадено, има издадено книгфа за школството во Делчево, за Теророт и отпорот на Пијанечкиот крај, тоа се дела на кои долго време работеше, така да имаме приличен број на книги кои сакам да ги подарам на библиотеката, околу 2000 и затоа дојдоа библиотекарите да прегледаат, се што има, за да се употреби за помладите генерации, истакна Арсова.

Ова е одличен пример кој сигурно ќе биде пример и за многу други наши сограѓани со сличен гест да ги збогатат витрините на библиотеката со литература која ќе им користи на сите кои ќе сакаат да научат нешто повече за родниот крај.

Во продолжение изјавите на директорката Петровска и г-ѓа Лимонка Арсова:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*