Радосна вест: Воспоставен контакт со исчезнатиот беровчанец Александар Черговски!

Откако започна интензивна потрага по 39 годишниот беровчанец, Александар Чеговски, кој последен пат бил забележан на 18.02.2021 при влез во Македонија на граничниот премин Табановце, радосна вест пред половина час соопшти неговиот внук Кирил Черговски. Тој им се заблагодари на сите кои ги споделиле објавите за неговата потрага што според него резултирало неговиот чичко да биде пронајден и да воспостават контакт со него.

-Почитувани пријатели, сакам на сите да ви се заблагодарам за секое споделување во врска со мојот чичко Александар, со помош на вас успеавме во рок од 24 часа да го пронајдеме и воспоставиме контакт, ви благодарам на сите уште еднаш за секоја ваша споделена објава и искажана молитва, Господ е голем, ви благодарам уште еднаш 🙏❤️, се вели во објавата на внукот Кирил Черговски.

https://www.facebook.com/kiko.mkd/posts/5742449159130886?cft[0]=AZXC2fLFHesgskrI-nXYfDPAkA86uaANt-fevQ2Dqd4Rg3C03jCUrDgSnmzeRTkLA0nrQBmXqYmC204bfeQjLGObb1mxDK8skXkcfjIbHGE3qeEDQeo76_vRecKcFfhZDYU&tn=%2CO%2CP-R

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*