Татјана Спасевска – најдобра медицинска сестра во Делчево за изминатата година

По повод Меѓународниот ден на медицинските сестри, во Делчево прогласена најдобрата медицинска сестра за изминатата година. Добитник на наградата е Татјана Спасевска, вработена во Итната медицинска помош во Делчево, која истакна дека наградата ја посветува на нејзината почината мајка, која долги години работеше во делчевскиот здравствен дом.

-Оваа награда ја посветувам на мојата мајка која ме воведе во почетоците на медицината, а воедно изразувам голема благодарност за наградата, која не е награда само за мене, туку за целиот персонал од здравствениот дом во Делчево.  Во денешно време да се биде медицинска сестра претставува голема хуманост во напорите да им се помогне на луѓето. Се трудиме колку што можеме да ја победиме оваа чума на 21 век, има многу предизвици, но се надевам дека досега се беше во најдобар ред, рече Спасевска.

Претседателката на здружението на медицински сестри во Делчево, Сузана Пановска додаде дека со доделувањето на вкави награди се оддава придонес за работата на сестринството.

-Почнувајкки од 5 Мај  Денот на акушерките, па се до 12 Мај Денот на сестрите, се одбележува Денот на медицинските сестри. Оддавајки голема важност за придонесот во општеството на сестринството, Светската здравствена организација ги прогласи 2020 и 2021 година за години на сестринството. Годинешното мото е „Глас што води – визија за здравјето во иднина“. И покрај тешката ситуација што не демне од сите страни, ние решивме да ја продолжиме традицијата, како што бираме секоја година и оваа година одбравме најдобра, најхумана медицинска сестра, а честа и припадна на Татјана Спасевска, медицинска сестра во Брзата помош, додаде Пановска.

За директорката на здравствениот дом, Марија Глигоровска најдобриот збор за работата на сестрите доаѓа од граѓаните.

-Честитки до нашата сестра Татјана, која е вредна како сите медицински сестри, таа беше една од оние кои работеа еден месец на инфективна клиника во Скопје, каде нашите сестри вклуително и Татјана Спасевска беа пофалени. Мислам дека најдобро за нашите сестри ќе кажат самите пациенти, не само во Брзата помош и во специјалистичко-конуслтатитивните служби и во вакциналните пунктови. Факт е дека сите се вредни, опстојуваат на своите задачи и јас како директор можам да кажам само пофални зборови и за сестра Татјана и за сите останати. Добро е што секоја година една сестра се наградува, што е големо признание и значи дека некој мисли на нив. Сестрите од Делчево и М.Каменица веќе 20 години и повеќе се организирани во здружението на медицински сестри преку кое ги остваруваат своите права, рече Глигоровска.

Поради не можноста да присуствуваат и мерките заштита од Ковид-19 директорката Глигоровска ги посети и медивицнските сестри од здравствената станица во М.Каменица која е дел од делчевскиот здравствен дом.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*