Вo недела хајкинг тура до Голак со PATHFINDERS

Претстојната недела здружението Патфајндерс организира хајкинг тура на планината Голак. како што информираа организаторите од Патфајндерс се работи за еднодневна тура за која пријавувањето е во тек преку порака во инбокс на официјалната фан страна на здружението https://www.facebook.com/pathfinders.mkd/. Во продолжение еве што велат членовите во описот на настанот кој ќе се одржи во недела:

Одиме на хајкинг тура на Голак која е средно-висока планина меѓу Делчевската Котлина на исток и Кочанската Котлина на запад, со меридијански правец на протегање. Планинскиот масив опфаќа 12.800 ха, односно е долг околу 40 км а широк околу 20 км. Спаѓа во средно високите планини, а највисок врв е Чавка 1.538 м.н.в.
Еднодневна организира тура за сите членови на здружението и гости кои ќе сакаат да се приклучат на турата.

Презентацијата на планината Голак која располага го голем број на билки и чаеви кои се берат од месец април па сè до месец октомври како што се жолт и црвен Кантарион, Мајчина Душица, Бела Рада, Ајдучка трева, Бозел, Шипинки, Капини, Диви Јагоди, Нане, Јаглика итн. Се среќаваат голем број на печурки, Врган, Лисичарка, Буковка, Срндак и др. На планината Голак се среќава и поголем број на дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, кафеав орел, понекоја срна како и повеќе видови на глодари. И покрај тоа што не е многу богат со вода сепак на падините на Голак се наоѓаат неколку извори на вода како и две поголеми вештачки езерца кои служат како вода за наводнување на земјиштето како и за пиење на вода во Општина Делчево, тоа се езерата Лошана и езерото Петрашевец. За сите почетници и искусни планинари кои сакаат да видат што претставуваат долгите прошетки по планините што ги правиме, еве таква можност.

Турата е во должина од км. Со пријател покрај вас е уште полесна, ние ви нудиме тура и друштво, вие понесете насмевка, а вратете се со прекрасни спомени и добро поминат ден.

ПРОГРАМА:

– Пристигнување во 09:00 на паркингот пред домот на културата во Делчево.
– Турата почнува со од градскиот парк во Делчево.
-Турата според тежината спаѓа во категорија на лесни тури.

ОПАСНОСТИ:

– Можна појава на облаци, дожд и лизгава нагазна површина.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:

– Психофизичка подготвеност за престој и движење на планина во променливи временски услови;
– високи разгазени чевли;
– облека која штити од дожд и ветер;
– бандани или маски;
– наочари за сонце;
– облекување во слоеви

ПРИЈАВУВАЊЕ

– Превозот е со сопствени возила.
– Пријавувањето е задолжително во инбокс т.е. приватна порака на страната.ИСХРАНА:
– секој сам си носи храна по потреба;
– вода мин. 2 л и друг напиток;
– суво овошје, апетисани, енергетски барови, сендвичи и сл.ТУРАТА ќе се одвива по посебен ПРОТОКОЛ за запазување на мерките за КОВИД 19
– Сите мерки искажани од министерството за здравство се на сила.
– На почетокот и за време на турата растојанието помеѓу учесниците да биде минимум 2 метра, а доколку не е возможно да се држи растојание мора да се носат заштитни маски.
– Во текот на искачувањето одалеченоста на еден до друг учесник да биде 2м
– При застанување да нема групирања на повеќе од тројца планинари.
– Доколку во текот на искачувањето некој кашла, се препорачува тој член да ја пушти колоната и да остане последен во групата на самата опашка на колоната.

НАПОМЕНА:

– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, вонесаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*