Од понеделник делчевчани со можност за вакцинација на граничниот пункт Станке Лисичково – Делчево!

Граѓаните на Делчево и регионот ќе можат да се вакцинираат на вакцинален пункт кој на 17 мај 2021 ќе биде отворен на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево. Активноста ќе се реализира преку Центрите за вакцинирање најавени од бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски наменети за македонските државјани. 

-Според планот вакцинацијата на граничните премини Делчево-Станке Лисичково и Ново Село-Златарево во Бугарија, ќе започне по 14 часот на 17 мај во понеделник. Вакцина ќе можат да добијат сите македонски граѓани без разлика дали поседуваат бугарски пасош или не и никој нема да биде вратен, се вели во соопштението од фондацијата Бугарска памет на д-р Милен Врабевски. 

Во моментот во Делчево во тек е вакцинацијата на граѓаните со кинеската вакцина „Синофарм” за што деновиве од Здравствениот дом најавија дека ќе пристигнат нови 500 дози од оваа вакцина.  Со оваа вакцина во тек е вакцинацијата на граѓаните на Берово каде поради големиот интерес за вакцинација се прават напори Бизнис инкубаторот во Берово да биде пренаменет во центар за вакцинација каде ќе бидат опфатени поголем дел од граѓаните кои ќе пројават интерес за вакцинација.

Еве како официјално би се одвивала вакцинацијата од понеделник:

Откако го започнавме процесот на вакцинација во медицинскиот центар на Комак Медикал во дворот на Александровска болница во Софија, на 17 мај, со помош на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и Агенцијата за царина , започнуваме и вакцинирањето на граѓаните и на граничните пунктови Св. Граничен пункт Лисичково и Златарево. Оние кои сакаат да се вакцинираат ќе можат да го сторат тоа само по претходна резервација на телефон: +359 (0) 886 800 264 (Viber), +359 (0) 882 516 981 (Viber). По објавувањето на желбата за вакцинирање на наведените телефони, нашиот тим ќе ве контактира за одреден датум и време за вакцинирање.
Повикуваме на строго почитување на датумите и времето на вакцинација за да се избегне гужва!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*