ENDURO TEAM Делчево реализираше мото-тура до туристичкиот локалитет Градиште

Членови на Enduro Team – Делчево денес реализираa мото-тура до локалитетот „Градиште“ во делчевското село Град. Целта на активноста како што ифнромираше претседателот на клубот Виктор Стојановски е да се промовираат локалитетите со богата историја, кои многу малку се посетени од страна на граѓаните.

-Денешната тура ја реализираме во село Град кое се наоѓа на неколку километри од магистралниот пат Делчево – Берово. Над самото село се издига еден прекрасен локалитет Градиште кој во 2001 година беше посетен од археолози-студенти од археолошките факултети од Штип и Скопје кои открија доста значајни артефакти. Препорачувам до граѓаните кои го немаат посетено ова место, да го посетат, бидејки има што да се види, рече Стојановски.

Мото-клубот Ендуро Тим Делчево е едно од здруженијата чија главна цел е промоција на убавините во Пијанечкиот регион, поради што Стојановски додаде дека со вакви промотивни мото-тури, членовите на клубот ќе продолжат и во наредниот период.

-Нашите планови се да промовираме и некои други места како што и претходно имавме кажано, на самата промоција на здружението. Сакаме да го промовираме Пијанец, затоа што сметаме дека има места, кои вреди да се видат, додаде Стојановски.

Денешната мото-тура до локалитетот Градиште, се реализираше со влошени временски услови, поради што истата имаше ограничен временски тајминг. Сепак дождот не ги спречи делчевските моторџии да ги покажат своите вештини, што наиде на воодушевување кај дел од помладите жители на село Град, кои се искачија на самата тврдина со желба да научат нешто повеќе за овој спорт.

Изјавата на Стојановски погледнете ја во продолжение, како и поопширниот видео-материјал од денешното „дождливо“ мото-дружење со делчевските моторџии:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*