Пешевска од Делчево: Нема подобрување на животниот стандард на граѓаните!

Граѓаните се разочарани од владеењето на локалната и централната власт на СДСМ. Ова е генералната оценка на Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието која при денешната посета на Пијанечко-малешевскиот регион, во својата изјава за медиумите најмногу се осврна на како што рече катастрофалната состојба во која се наоѓа образовниот систем.

-Денес сум во посета на Пијанец и Малешевијата. Граѓаните се разочарани од владеењето на локалната и централната власт на СДСМ. Времето е застанато, нема реализација на нови проекти, нема подобрување на животниот стандард на граѓаните. Едноставно, се што вети СДСМ излажа. Гледаме, како си поигруваат со образовниот систем, измислуваат проекти што никаде низ современа Европа не се пример, наместо Мила Царовска да се зафати со изградба на нови училишта, спортски сали и слично, таа сака на нашите деца, компјутерот да им стане другарче, наместо реалното другарување, рече во денешната изјава претседателката на Унијата на жени при ВМРО ДПМНЕ.

Македонија, како што додаде на крај од својата изјава Пешевска назадува во секоја сфера и затоа народот на локалните избори, а потоа и на предвремени парламентарни избори ќе го казни СДСМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*