ПСК ,,Голак” со планинарски марш по повод годишнината од Разловечкото востание

Куќата на Цоне Спасов – Ингилизо, кој бил еден од куририте на великанот Гоце Делчев се наоѓа кај месноста Калаџерџево на 1130 м.н.в. на планината Обозна над село Разловци. Ретко е посетувана од гости намерници, а денес прилика да ја посетат имаа членови на Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” од Делчево.

Посетата како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски се должи во пресрет на одбележувањето на 145 годишнината од Разловечкото востание, повод поради кој членови на клубот реализираа планинарска маршрута долга 20 километри со почетна точка во селото Разловци на 690 метри надморска висина.

-Денес, во пресрет на одбележувањето на 145 години од Разловечкото востание (придржувајќи се на мерките за Ковид-19, членови на ПСК ,,Голак” Делчево, со претставник од Општина Делчево – советник Дејан Георгиевски (кој е и наш член), како и подржани од Општина Делчево, реализиравме планинарска тура со посета на месноста Калаџерџево 1130 м.н.в. на планината Обозна (Општина Делчево – област Пијанец), од каде е организирано Разловечко Востание во 1876 година од страна на Поп Стојан од село Разловци, а помогнато од неговиот зет Димитар Поп Георгиев од Берово.

Востанието било прво во тогашна Македонија против Отоманската Империја и довело до формирање на Пијанечка (Царевоселска – Делчевска) Република, која траела повеќе од 2 месеца со главно место Царево Село (денешно Делчево).

Највисоката точка на денешниот планинарски марш беше врвот Јастреб на 1276 м.н.в. Се на се имавме еден преубаво поминат ден со преубави луѓе кои беа дел од маршрутата, рече Чучуковски во својата изјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*