Поради големиот интерес за вакцинација, нов распоред од утре во делчевскиот здравствен дом

Делчевскиот здравствен дом денес излезе со соопштение до граѓаните кои се пријавиле за вакцинација дека од утре е предвиден нов распоред за начинот на примање на вакцини. Како што информираше директорката Марија Глигоровска повозрасните пациенти од утре ќе можат да ја примат само вакцината Астра Зенека додека оние под 60 години кинеската Синофарм.

-Сите оние кои што имаат порака да се вакцинираат преку vakcinacija.mk од Делчево и М.Каменица ги информираме дека од утре, 18 мај 2021 година пријавените на возраст над 60 години ќе ги вакцинираме со АстраЗенека, додека пријавените под 60 години со кинеската вакцина  Синофарм. Тоа треба да го знаат ако не се согласуваат со тоа, нека си ја запазат својата порака со која се упатени на вакцинација во регионалниот пункт во Штип, каде ќе им биде кажано која вакцина треба да ја примат, рече Глигоровска.

Директорката додаде дека е пријатно изненадена од големиот интерес на граѓаните за вакцинација поради што очекува тој тренд да продолжи и во наредните денови.

-Добро е што има многу заинтересирани, добро е што сакаат да се вакцинираат бидејки и самите гледате дека епидемијата стивнува. Исто така тука придонесоа мерките на Владата, се тоа помогна тоа да се намали и сите порелаксирано се чувствуваме и треба да се продолжи за сето тоа да биде успешно, додаде Глигоровска.

Дел од повозрасните граѓани кои денес ја искористија шансата за вакцинација со кинеската Синофарм порачаа и останатите да го сторат тоа бидејки според нив на тој начин сите во нивна близина ќе бидат заштитени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*