Во Делчево реализирана едукативно-превентивната акција „Стави појас“

Во Делчево реализирана едукативно-превентивната акција „Стави појас“ на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Акцијата како што информираа од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и службеници од МВР при Полициската станица од општа надлежност Делчево има за цел да се потсетат учесниците во сообраќајот за користењето на сигурносниот појас и важноста на неговата употреба при патување. 

-Во текот на акцијата на возачите кои носеа сигурносен појас покраj обезбедените информативни материјали од РСБСП им беше доделена награда, маичка со логото на акцијата, додека на оние кои не го носеа, како предупредување им беше доделен рекламни материјали и флаер со едукативна содржина, информираа од ОСБСП во Делчево.

Од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Делчево ги потсетија учесниците во сообраќајот дека користењето на сигурносниот појас е наменето исклучиво за лична безбедност и заштита на возачот односно патникот.

-Сигурносниот појас значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место, додадоа од ОСБСП во Делчево.

Акцијата на подрачјето на Општина Делчево, како што додадоа ќе продолжи да се спроведува и во текот на следните неколку денови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*