Нов изглед на селската чешма во село Вирче

Во делчевското село Вирче заврши реконструкцијата на селската чешма. Реконструкцијата како што информираа од општината подрзабира санација и соодветно обложување со камен, како и уредување на просторот околу чешмата со што се создава соодветен простор за потребите на жителите.

-Со реконструкцијата се подобрува и функционалноста и изгледот на селската чешма. Активноста за уредувањето на селските чешми опфати неколку села во Општината. Досега се реконструирани две селски чешми во с. Град, а ќе се уредат и селските чешми во селата Габрово и Ѕвегор, информираа од Општината.

Инвестицијата за реконструкција на селските чешми како што додадоа е на Општина Делчево, а работите ги изведуваат екипи на ЈКП „Брегалница“.

Според најавите деновиве ќе започне и реконструкцијата и на детските игралишта во селата со поставување на соодветна урбана опрема.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*