Заврши проектот за уредување на природна реткост „Истевнички Кукуље“

Заврши проектот за уредување на природна реткост „Истевнички Кукуље“. Проектот како што е инициран од Планинарски-спортски клуб „Голак“ Делчево чиј претседател Љупчо Чучуковски информираше дека истиот се реализира со финансиска и логистичка поддршка од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и општина Делчево.

-Во реализацијата на активностите имавме и логистичка поддршка од фирмата „Брегал“ која беше изведувач на проектот кој се состои од два дела. Во првиот дел од неговата реализација претходно теренот до природната реткост беше мапиран расчистен и притоа беше поставена планинарска патека според Књефелцовата маркација од село Истевник преку локалитетот Истевнички Кукуље од селото Разловци, рече Чучуковски.

Во рамки на вториот дел од проектот како што додаде поставена е соодветна опрема и уредување на околниот простор со поставување на маси, клупи и корпи за отпадоци.

-Исто така поставена е и информативната табла и голем летниковец, кои се изработени од дрво и заштитени со премази. Предвидено е летниковецот да собере околу 70 луѓе. Со тоа целосно е завршена оваа живописна планинарска патека која изобилува со историски моменти и е ставена во функција за сите оние кои ќе сакаат да ја посетат планината Средна и локалитетот Истевнички Кукуље, додаде Чучуковски.

Во наредните неколку денови локалитетот ќе ја посетат претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со што и официјално ќе биде означен крај на проектот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*