Градските мини „езерца“ порибени со јапонски крап

Спортско-риболовното друштво „Брегалница“ изврши ново порибување со украсни риби во градската фонтана кај соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Порибувањето како што информираше Ванчо Стојмирски, претседател на клубот е извршено со дел од средствата кои клубот ги доби како поддршка за спортските здруженија.

-Финансиската помош која клубот ја доби од Општината ја искористивме за порибување на оваа фонтана со јапонски „кои крап“ кој е издржлива сорта се надеваме дека ќе издржи во оваа фонтана, па ако успее догодина ќе пуштиме повеќе риби, рече Стојмирски.

Бидејки се работи за специфичен животински свет апелираше граѓаните да не ги хранат рибите со секаква храна.

-Рибите ќе ги храниме со специјална храна, ќе се хранат еднаш во денот, ќе си има човек за тоа наменето и затоа апелираме да не се фрла секаква храна, бидејки ја загадува водата, додаде Стојмирски.

При последното порибување Спортско-риболовното друштво Брегалница од Делчево изврши порибување со речна пастрмка во водите на река Брегалница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*