Отфрлени шпекулациите за наплата на вакцините на вакциналниот пункт Станке Лисичково – Делчево и Ново Село – Златарево!

Милена Христова одговорно лице за регистрирање на граѓаните за вакцинација, ги отфрли шпекулациите за наводната наплата за вакцинирање и земањето поткуп, за сите оние кои бараат термин на вакцинација на граничниот пункт Станке Лисичково – Делчево. Информираше дека вакцината е бесплатна и сите оние кои досега биле регистрирани ја примиле закажаната вакцина.

-Најостро ги отфрламе шпекулациите кои кружат помеѓу дел од граѓаните и во одредени медиуми дека бараме мито за тие да се вакцинираат. Најодговорно тврдам дека вакцината е бесплатна за сите регистрирани граѓани, кои претходно сакаат да се вакцинираат, рече Христова.

Потврди дека има голем интерес за вакцинација во мобилната канцеларија која се наоѓа во меѓуграничната зона и додаде дека закажувањето се врши без негативен резултат на ПЦР-тест.

-Има голем интерес за вакцинација, се јавуваат од повеќе градови на Република Северна Македонија. Јас сум задолжена за нивно регистирање на списокот и можам да ви кажам дека со вакцинација ќе продолжиме се додека има интерес од страна на граѓаните, додаде Христова.

Христова дополни дека ситуацијата е слична е и на граничниот премин Златарево – Ново Село каде интересот исто така е голем, вакцинирањето исто така е бесплатно и ќе се врши вакцинација се додека има интерес и на овој граничен премин

Вакцинирањето на граничниот пункт Станке Лисичково – Делчево и Ново Село – Златарево се реализира на иницијатива на бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски во соработкa со повеќе министерства и Царинската агенција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*