Привршува проектот за воведување на системот „Кобис“ во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево

Привршува проектот за воведување на системот „Кобис“ во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево. Ова училиште како што информираше Жаклина Ѓалевска од Националната универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ е прво во државата кое се приклучи на иницијативата за дигитализација на книжниот фонд преку системот Кобис.

-Во 2019 година во ова училиште ги започнавме постапките за инсталација на базата на софтверот. Во меѓувреме течеа обуки со вработените кои поради пандемијата се оддолжија. Она што треба даго заокружиме и да го направиме денес е да направиме заокружување на инсталацијата на опремата која ќе се користи за внес на книжниот фонд во системот, рече Ѓалевска.

Системот ќе им овозможи на учениците и вработените на ова училиште да можат да имаат преглед евиденција што училиштето поседува во смисла на лектирни изданија на учебници и друг материјал кој што им е потребен во процесот на образование и едукација. 

-Со еден збор учениците и наставниците ќе имаат евиденција при користењето на библиотечниот материјал кој ќе им користи во секој случај за унапредување на тековното работење, за автоматизирање на процесите на училишната билбиотека, за подобрување на образовниот процес во ова училиште, додаде Ѓалевска.

Џулиета Мемедова од ЕЛС Делчево додаде дека активностите во целост се поддржани од локалната самоуправа и градоначалникот Горан Трајковски и библиотеката „Илинден“, со чии заеднички напори е издејствувано деветолетката „Св.Климент Охридски“ да биде вклучена во библиотечниот систем „Кобис“.

Со реализација на оваа активност како што додадоа од Националната универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“, она што порано се вршеле „рачно“ во училишните библиотеки со употреба на клиентската апликација преминува во дигитализирана форма, што според нив ќе биде олеснување како за вработените во училиштето, така и за учениците кои онлајн ќе имаат увид во книжниот фонд со кој располага училишната библиотека. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*