
Денот на пожарникарите 20 Мај во Делчево одбележан со успешно спроведена симулациска вежба за гаснење пожар во детската градинка „Весели цветови“ и доделување на наградата за најдобар пожарникар. В орамки на симулацискаат вежба пожарникарите ја покажаа својата ефикасност, ефективност и професионалност, а по дојавата за пожар во детската градинка, ТППЕ Делчево реагираше со 14 пожарникари со два камиони автоцистерни, командно и навално возило и во потполна лична при што беше изгаснат пожарот, евакуирани децата и песроналот, а беше извлечено и повредено лице од објектот.
Овие вежби се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на вистинска појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата, истакна Миле Тодоровски пожарникар од Делчево.

-Оваа година единицата интервенираше на вкупно 15 пожари од кои две интервенции на објекти, една интервенција на патничко моторно возило и 12 интервенции при појава на пожари на отворен простор, кажа Тодоровски.
Градоначалникот Горан Трајковски присуствуваше на оваа симулациска вежба и изрази задоволство од подготвеноста на пожарникарите за справување со пожарите и на објекти, но и на отворен простор. Воедно честитајки им го празникот на пожарникарите, а ја додели и традиционалната награда на најдобриот делчевски пожарникар за оваа година, Лоренцо Трајановски кој има 20-годишно работно искуство во професијата.

– Изминатиот период, во континуитет работевме за да ја подобриме опременоста на единицата, но и условите за престој на пожарникарите. Обезбедивме опрема за лична заштита на пожарникарите, што значи дека на нивната професионалност додаваме битен елемент за нивната лична заштита, но и инвестиравме во уредување и опремување на просториите на ТППЕ во Делчево, ги решававме наталожените проблеми и ги регулиравме платите и додатоците од плата и кадровски ја подмладуваме единицата, рече Трајковски.
Информираше дека во фаза на тендерирање е набавката на ново противпожарно возило и очекува постапката да се спроведе без проблеми и, конечно, да се реши проблемот со застарените возила на ТППЕ.
За наградениот Трајановски, наградата е признание за работата на сите пожарникари.
-Тоа е за мене голема чест пред се што ми ја дадоа довербата градоначалникот и моите колеги. ваквите награди ни даваат мотив да бидеме уште поанагажирани секаде каде ќе не повикаат и посакувам во следните години и останатите колеги да бидат наградени, рече Трајановски.
Пожарникарството во Делчево испишува историја од 7– децениско функционирање. Првото доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов Крстевски во 50-тите години, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.
Симулациската вежба заедно со изјавите на градоначалникот Горан Трајковски и наградениот пожарникар Лоренцо Трајановски во продолжение:
Leave a Reply