Во првенствен плеј-аут натпревар убедлива победа на РК ,,Делчево” над РК ,,Риниа”

Во првенствен плеј-аут натпревар кој синоќа се одигра во спортаката сала ,,Методи Митевски – Брицо” домашната екипа на РК ,,Делчево” славеше убедлива победа над РК ,,Риниа” со 42:14. Гостите во Делчево пристигнаа со задоцнување од половина час и со некомплетен состав, што беше една од причините за убедливата победа на домаќините. 

Тренерот на РК ,,Делчево” Гоце Стоиловски изрази задоволство од убедливиот триумф и додаде дека и покрај тоа што неговата екипа често игра некомплетна, задоволуваат резултатите во досегашниот дел од плеј-аут натпреварувањето во Првата ракометна лига.

-Тоа што гостите се некомплетни ме потстетува на нашата ситуација кога ние често во неполн состав ги одигравме натрпеварите. Сепак работите одат добро за нас и очекувам со успех да ја привршиме сезоната, рече Стоиловски.

Покрај убедливата разлика она што го одбележа натпреварот е краткиот прекин поради меѓусебно дофрлање помеѓу ракометари, кој за среќа помина мирно како и нервозата кај гостинскиот тренер по исклучувањето на еден од ракометарите во неговиот тим. 

Со оваа победа делчевци се високо на плеј-аут табелата и се во позиција да го задржат прволигашкиот статус и следната сезона.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*