Низа активности по повод Денот на Натура 2000 во Едукативниот центар во Негрево

На настан кој го отвори тим лидерот на Програмата за зачувување на природата Маријана Шушлевска, а во присуство на Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во Едукативниот центар за зачувување на природата во Пехчево одбележан денот на Натура 2000. Нуредини истакна дека на денот кога се одбележува 21 мај денот на Натура 2000, министерството во соработка со Македонско еколошко друштво и национални експерти преку Програмата за зачувување на природата спроведува низа активности во Источно-планскиот регион поврзани со Натура 2000 процесот преку идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од европско значење.

-Овој крај е познат по тоа што луѓето живеат во баланс со природата. Сметам дека токму заштитените подрачја можат да донеста бенефит на локалното население и да ги задржат младите на де се иселуават во странство. Ние како Министерство ќе продолжиме д работиме на развојни политики и програми и да спроведуваме активности за заштита и зачувување на природата. Тоа подразбира и хармонизирање на Националното законодавство со ЕУ директивите и регулативите особено со директивите за живеалишта и птици кои се однесуваат на Еколошката мрежа, Натура 2000“, рече министерот за животна средина и просторно планирање.

Мрежата на Натура 2000 претставува еколошка мрежа на заштитени подрачја воспоставена во сите земји на Европската Унија, а амбасадорот на Швајцарија во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада, зборуваше за значењето на воспоставување на оваа мрежа на патот кон Еу, па оттаму според неа се наметнува и потребата и јавноста да биде информирана за истата.

-Важно е луѓето да живеат во хармонија со природата и околината. За наше добро и за доброто на младите генерации и нивната иднина, ние мораме да ја почитуваме, заштитуваме и зачувуваме природата што е можно повеќе и во исто време, да обезбедиме социјална и економска корист за локалното население. Тоа е можно само ако ги здружиме силите и ги посветиме нашите напори за здрава животна средина, подобар живот на граѓаните и посветла иднина на младите генерации, изјави Тејада.

Каја Шукова, претседател на управниот одбор на ПЗП истакна дека врз основа на научна проценка за присуство на живеалишта, растенија, животни и птици од европско значење, дел од Малепевските планини веќе е идентификувано како потенцијално подрачје за Натура 2000 мрежата.

-Тоа претставува додатна вредност „за природата и за луѓето“ и можност за заштита и зачувување на природата  одржлив развој на локалните заедници, изјави Шукова.

Градоначалникот на Пехчево Драган тренчовски потенцираше дека настанот не случајно се организира токму на локлаитетот кој е одо осбено значење за значењето на Натура 2000 и локалниот развој.
-Се наоѓаме на неколку километри од локалитетот Еленско Блато и сливот на Пехчевска река кои се дел од предложеното подрачје за Натура 2000: Малешевските планини како ретки шумски тресетишта. Верувам дека Натура 2000 ќе придонесе кон промоција на природното богатство во Малешевијата, а истовремено ќе биде од корист, и за локалните жители кои ќе можатр да ги применуваат одржливите практики во земјоделството, шумарството но истовремено ќе се икористат и условите за развој не еко-туризмот и одржливо користење на природните ресурси, рече Тренчовски

Настанот го организира Министерството за животна средина и просторно планирање со поддрѓка на Програмата за зачувување на природата и е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка координиран од Фармахем.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*