ООУ „Ванчо Прке“ со онлајн културно-уметничка програма го слави патрониот празник

Под мотото „Училиште со полн потенцијал за напредување“ “, ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево го прославува патрониот празник со онлајн културно-уметничка програма.

Исто така беше распишан и литературен конкурс на тема „Сега знам…” , како и онлајн презентацијата на ликовната колонија со голем број уметнички ракотворби од Ликовната секција.

Излезе и вториот број на електронскиот училишен весник, насловен како „Заедно во време невреме“, со предвидените содржини од новинарската секција, заедно со партнер училиштето ООУ „Живко Брајковски”, нас.Бутел од Скопје.

Во полн ек е и реновирањето на училиштето , кое оваа учебна година е со реализација на многу проектни активности.

И навистина и покрај се училиштето го одбележа својот патронен празник со сите планирани содржини и активности.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*