Иницијатива на ДОМ Делчево за подигање на еколошката свест кај младите!

Со цел да се подигне еколошката свест кај младите, ДОМ Делчево упати иницијатива до воспитно-образовнте институции во Општина Делчево како и Советот на Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски.

-Се чистаат дивите депонии, но изговорот дека нивното создавање е непостоењето на контејнери особено во селата и новоизградените населби треба да ја тргнеме од листата на причини и изговори кои ги знаеме и ни се укажуваат од граѓаните на нашата Општина. Градоначалникот најави пристигнување на нови контејнери за отпад и затоа треба да се земаат во предвид сите села кои немаат контејнери и истите да се поставаат на влезот, во центарот на селото како и на други клучни локации по предлог на месните заедници. Со цел стопирање на создавањето на диви депонии, ѓубре кое завршува во реките, покрај патот, до самите ниви каде најчесто ги засадуваат своите овошни градини, бавчи итн., се вели во иницијативата на ДОМ Делчево.

Меѓу останатите активности во таа насока од ДОМ Делчево ги наведоа и следните:

-Согласно потребата за подигнување на еколошката свест кај младите за зачувување на здрава животна средина покренуваме иницијатива за едукација на младите за последиците од загадувањето на животната средина (водата , почвата, воздухот, храната итн…) со цел младите да научат колку е битно да ја зачуваме природата и околината во која живееме. Предметните наставници во чија програма се изучува животната средина и последиците од нејзиното загадување , до крајот на оваа учебна година, во склоп на наставната програма по сопствен избор потребно е дополнително и континуирано да ги едуцираат младите за последиците од загадување на животната средина и околината во која живеат учат. Предлози за еко акции до крајот на учебната година; Презентации за селектирање на отпад ( пластика, хартија, стакло, органски отпад). Засадување на листопадни и зимзелени дрвца , грмушки и цвеќе, Засадување и органско третирање на градини. Одржување на чиста училница и училишен двор. Вклучување на младите да дадат нивни предлог, идеја за зачувување на животната средина, додадоа од ДОМ Делчево.

Како подносители на барањето се јавуваат Советникот од ДОМ во Совет на Општина Делчево – Дијана Јосифовски, Здружение на граѓани – Природна Перспектива и Младински Совет при Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*