Седуммината од РК ,,Делчево” ги ,,преслушаа” тринаесетмината од РК ,,Ѓорче Петров”

И седум ракометари беа доволни ракометарите на РК ,,Делчево” да ги преслушаат вкупно тринаесетте ракометари кои во составот ги имаше на располагање домашната екипа на РК ,,Ѓорче Петров”.

Во рамки на плеј-аут натпреварите во Првата ркаометна лига делчевци славеа со 30:32 над Ѓорчепетровци и со тоа ја нанижаа седмата победа од почетокот на плеј-аут натпреварите.

Новата победа делчевци ги искачи при самиот врв на плеј-аут табелата што покажува дека доколку делчевци беа комплетни во текот на сезоната, ракометароте дефинитивно ќе играа плеј-оф.

Како и да е честитки за новата победа на нашите ракометари кои се за секаква пофалба особено по денешниот предизвик да одиграат седуммина против 13 домашни ракометари, што е голем подвиг во ракометната игра.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*