Периодична работа во странство за спас од безработицата за жителите од Пијанечко-малешевскиот регион

Периодичната работа во западно-европските земји и понатаму останува можност за невработените лица од Пијанечко-малешевскиот регион да ја предбродат безработица, која уште повеќе дојде до израз во време на пандемија. Граѓаните од овој регион кои го фатија последниот автобус, својот леб во наредните месец и половина ќе го заработуваат на лозјата во Швајцарија. Како што информираа дел од превозниците се работи за лица кои имаат обезбеден престој и работа во Швајцарија со сите регулирани обврски кој го следува секое вработено лице. 

-Неделно еден до два автобуски од овој крај заминува на печалба во западна Европа. конкретно ние вршиме превоз на патници до Швајцарија. Сите лица кои патуваат таму ги имаат потребните документи што значи дека имаат обезбедена работа со сместување кој че им донесе приход кој овде во ниту еден случај не можат да го заработат. Знаеме како се одрази пандемијата врз локланиот развој, така што секој си го бара своето чаре преку повремена работа во странство, информираат превозниците.

Луѓето кои ги испратија своите брачни другари на печалба во слободен меѓусебен разговор со останатите кои ги испраќаа своите роднини, велат дека заработувачката се движи од 1500 до 2000 швајцарски франци месечно, а притоа семејствата со деца ги следува и дополнителен паричен приход за детски додаток, чија сума се движи и до 500 швајцарски франци.

Помеѓу патниците има и вработени кои земаат неплатен одмор за да заработат неколкукратно повеќе пари, од сумата што овде ја добиваат како месечна плата. 

Најголем дел од граѓаните се децидни дека состојбата е ваква во последните 20 години и дека само на ваков начин со неколкумесечна работа во странство може да се покријат сите трошоци и да се има скромен живот во Македонија. Платите кои моментално ги заработуваат обичните работници во Македонија како што додаваат не ги мотивираат граѓаните да се потпрат на овдешните приходи кои според нив не им стасуваат само за сметки и обврски кон државата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*