Во Делчево отворена самостојната изложба „Квадратна боженственост“

Во Делчево отворена самостојната изложба „Квадратна боженственост“ на уметникот Валентина Илијевска. Александар Белогаски од Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров“ информираше дека делата на Илијевска посетителите ќе можат да ги видат во наредните 10 дена до кога трае изложбата.

-Валентина Илијевска од Куманово е магистер по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Изложбата содржи елементи од нејзините графики склопени во колаж, цртежи и комбинирани техники, рече Белогаски.

Директорот на установата Методи Толевски додаде дека настанот се реализира во рамките на чествувањата „Делчево го чествува аманетот“.

-Ова чествување обединува два крупни настани во Делчево. Едниот е одбележувањето на годишнината од Разловечкото востание, а вториот Денот на сесловенските просветители, додаде Толевски.

Авторката Илијевска додаде дека во рамки на изложбата се претставени нејзини 33 дела.

-Се работи за дела преку кои ликовните елементи и принципите го креираат творечкиот опус во делата, каде што од длабочината на самите дела се издигнува на пиедестал синото присуство на квадратот. Во самиот концепт ја разработувам симболиката на човештвото, препознатливите симболи во нашата иконографија, религијата, симболот на божественото. Присуството на синиот квадрат го симболизира човештвото. Преку симболите на квадратот и коцката се внесува своерачен потпис и снезибилитет препознатлив за делата, истакна Илијевска. 

Настанот е во организација на Општина Делчево и НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ со поддршка на Министерството за култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*