Видео: Победата на РК „Делчево“ над РК „Кичево“

Ракометниот клуб „Делчево“ продолжува со серијата победи на домашен терен откако триумфираше убедливо против Кичево со 36:25 во рамките од 12. коло од плеј-аут групата во Првата лига.

Делчевци натпреварот го започнаа со водство од 3:2, а избраниците на Гоце Стоиловски во продолжението дојдоа во ситуација да создаваат солидна предност при што до крајот на првото полувреме, домаќините го зголемуваа водството и заминаа на полувреме со предност од 19:12.

Во второто полувреме, РК Делчево не дозволи изненадување и водството постојано го зголемуваше од минута во минута. Крајниот исход од 11 гола разлика беше само потврда за одличната игра на победникот во текот на второто полувреме.

Најдобар поединец на мечот беше Мирче Ѓорѓиев со 13 гола, а неговиот колега, Павле Стоиловски постигна девет. Во екипата на Кичево, Константин Љакоски беше прв стрелец со осум гола.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*