Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци

Продолжува изградбата на колектор за фекална канализација во беровското село Будинарци. Целта на реализација на овие активности како што информираа од Општината е да се заокружи процесот за собирање и третман на отпадните води во горното течение на река Брегалница.

-Крајната цел е секако заштита на водите на река Брегалница. Општина Берово со оваа активност уште еднаш покажува дека постојано се грижи за подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во наслените места. Изградбата на колекторот е во должина од 1,1 километар, а одведувањето на отпадните води ќе се спроведе до локацијата на идната пречистителна станица, истакнаа од Општината.

Општината како што додадоа ќе продолжи да работи на подобрување на условите за живот во населените места преку обезбедување здрава вода за пиење и подобрување на комуналната инфраструктура во градот. 

-Со овој проект исто така ќе се подобри инфраструктурата по должината на река Брегалница, ќе се подобри заштита на водите во сливот на реката Брегалница, како на површинските, така и на подземните води,  која е стратешка определба и императив,  за сите општини кои припаѓаат на Источниот регион. 

Проектот се реализира со средства во износ од 3,2 милиони денари од кои 2,5 милиони денари преку Министерството за животна средина и просторно планирање и од  Програмата за регионален развој за 2020 година, а останатите од Буџетот на Општина Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*