Трајковски им оддаде признание за спортските успеси на младите кик-боксери од Кик-боксинг клубот „Ас“ од Делчево

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски им оддаде признание за спортските успеси на младите кик-боксери од Кик-боксинг клубот „Ас“ од Делчево на Европскиот куп што се одржа во Србија. Во својата објава на официјалниот фејсбук профил Трајковски истакна дека секогаш е горд на спортските успеси на младите спортисти во Делчево, бидејќи тие го запишуваат Делчево на листата градови каде се негуваат спортски таленти, а кик-боксот има квалитетна и долга традиција.

Сите овие медали се поттик повеќе за поддршка на младите спортисти кои не само што придонесуваат за развој на индивидуалниот и колективниот спорт во Делчево, туку и спортот да се наметне како начин на живот на младите во нашиот град, рече Трајковски.

Нивниот тренер и спортски судија, Љупчо Стојчевски, изрази задоволство од поддршката која ја добиваат од Општина Делчево истакнувајќи дека овие двајца млади кик-боксери и постигнале извонреден успех, а делчевкиот клуб е рангиран на престижното 20-то место на европската листа од 100 клубови.

На Европскиот куп во Србија, Павел Стојчевски освои злато во поинт-фајт за постари кадети (-52 кг), а Дилан Ивановски во јуниори (-63 кг). Освен двата трофеи Дилан Ивановски освои и бронзен медал во дисциплината јуниор кик-лајт (-57кг).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*