Апел за помош по силниот гром кој направи голема штета во село Будинарци

Во невремето што го зафати Берово во текот на вчерашниот ден, гром удри во неколку плевни во селото Будинарци и предизвика пожар. Пожарот целосно уништи четири плевни, а предизвикана е голема материјална штета. Во гаснењето на пожарот учествувале мештаните на селото и против пожарната едниница од Берово, а со помош во гаснењето учестувале и од ППЕ од Кочани.

Гледката била застрашувачка велат граѓаните на Будинарци.Сопсвениците на објектите кои целосно изгореа ги трпат штетити од пожарот во кој изгореа два трактори, 280 бали сено, дрвен материјал, како и мал дел од добиток.

-Од потресот од громот паднав на земја, мислев дека удрил во соседното село Митрашинци.Громот удри во нашата плевна, беше страшна гледка.За кратко време ги зафати и другите плевни кои се во близина.Штетата е голема имавме 280 бали сено кои изгореа исто така и два трактора кои не можевме да ги спасиме.Сите луѓе помогнаа во гаснењето на пожарот заедно со пожарната служба.Упатуваме апел до сите да ни помогнат бидејќи штетите се огромни.Им благодариме на сите што помогнаа во гаснењето на пожарот- рече Петар Пармачки сопственик на една од изгорените плевни во пожарот.

Огнената стихија која брзо се ширеше, прдизвика штета и по околните објекти, каде беше зафатен дел од поткровјето на една куќа а како последица биле искршени неколку прозори и на друга куќа кои се во самата близина на местото.Како што велат граѓаните, за среќа пожарот е спречен кој се закануваше и можеше да го зафати целото село.

Од територијалната противпожарна единица во Берово истакнаа дека пожарот бил пријавен во 14 и 50 часот каде што интервенирале и спречиле пожарот да се прошири и во околните куќи кои исто така биле зафатени.

-Примивме дојава во 14 и 50 часот за пожар во селото Будинарци.Со пожарот беа зафатени неколку плевни, а посоеше опасност и околните куќи кои исто така беа зафатени.По тричасовната борба со огнот во 17 и 40 часот го локализиравме пожарот и нашата екипа остана целата вечер да дежура на местото на опожареното место.Исто така во гаснењето на пожарот учествуваа и мештаните, а помош имавме и од ППЕ од Кочани – рече Сашко Руменовски командир на ППЕ Берово.

Пожарот го потврдија и од СВР Штип, кои во соопштението велат:

На 27.05.2021 околу 15.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во три плевни во с.Будинарци, беровско, сопственост на Н.П и Г.П., а од пожарот биле зафатени и две куќи сопственост на П.П. И В.П. Пожарот бил изгаснат од екипа на Теритоијалната противпожарна единица Берово, а повредени лица нема.Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово.

Сопствениците на опожарените објекти, упатуваат апел до општинските власти и сите хумани граѓани да помогнат, бидејќи пожарот им уништил се што имале и вложиле со години.

Исто така во текот на вчерашниот ден и во селото Владимирово бил пријавен пожар предизвикан од гром, со кој била зафатен објект-казанарница. Пожарот го птврдија и од СВР Штип:

На 27.05.2021 околу 17.14 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека настанал пожар во казанарница во с.Владимирово, беровско, сопственост на Д.Џ..Пожарот бил изгаснат од екипа на Теритоијалната противпожарна единица Берово, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово

2 Comments

    • Жителите апелираат до надлежните да им помогнат да се расчисти она што остана по пожарот, а потоа ќе се организира акција за помош. Во меѓувреме апелираат до секој од селото Будинарци и градот Берово кои се во можност да им помогнат. Засега се уште нема организирана акција со телефонски број или настан за онлајн донации, селаните сами се организираат

1 Trackback / Pingback

  1. (ВИДЕО)Апел за помош по силниот гром кој направи голема штета во село Будинарци - Agrotim.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*