„Бравура кооператива“ продолжи со реализацијата на проектот „Инклузивен мост 18“

Преку одржување дводневна работилница во Делчево продолжи реализацијата на проектот „Инклузивен мост 18“, имплементиран од страна на ХЗ „Бравура Кооператива“ Делчево во партнерство со Здружението на граѓани „Имаго плус“ од Скопје. Катерина Трајановска од мал групен дом Берово која во проектот е вклучена како експерт за подобрување на правата на децата од малите групни домови истакна дека целта на работилниците е тие да се информираат за своите права по напуштањето на групните домови.

-Моментално сме на средина од проектот и сме во фаза кога имплементираме дел од нашите замисли кои првично беа претставени како цел на проектот. На денешната работилница имаме гости корисници кои биле во мали групни домови до својата 18 година, корисници кои во моментот го напуштаат мал групен дом и корисници кои за кратко ќе го напуштат мал групен дом. Целта е да ги информираме корисниците кои се нивните права, обврски и можности со кои ќе можат понатаму да се интегрираат во општеството, рече Трајановска.

Во наредната фаза од проектот како што додаде ќе бидат вклучени професори од Економски факултет Штип за поддршка во правење и изготвување на планови кои ќе ги поддржат и насочат децата кон правилно инвестирање на средствата кои им се дадени како можност од Агенцијата за вработување и од државата како еднократна парична помош.

-Од споделените искуства од присутните од Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, дознавме дека фалат базични информации. Децава изглегуваат неспремни од причина што до 18 години некој друг ги „брка“ работата за нив, меѓутоа можеби на порана воараст треба да се информираат за своите права, а не да се чека тој период на 6 месеци пред излегување и откако ќе излезат да се запознаат со правата и обврските, додаде Трајановска.

Едни од оние кои го споделија искуството од оваа област беа и 22 годишниот Аце Андонов до мал групен дом во Берово и Бенјамин Хусеин од Детскиот дом „11 Октомври“ од Скопје.

-Дојдов овде да го кажам моето искуство како се снаоѓам во животот, за понатаму овие деца кои сега ќе излезат од малите групни домови за да имаат информации како и што да направи со средствата и да го продолжи животот понатаму. Едонставно ги кажиувам искуствата како било во групниот дом додека бев таму и како е сега, рече Андонов.

-Овој проект мене ме привлече дека пред излегување можам многу подобро да се снајдам кога ќе излезам да ги побарам моите права за кои треба да се борам за да ги добијам. Сакам и многу луѓе што го слушаат ова да се приклучат за да ги знаат своите права, додаде Хусеин.

Александар Николов од „Бравура Кооператива“ додаде дека проектот е на половина пат, при што плановите се на наредните работилници да се вклучат и старатели и деца за надминување на актуелните проблеми од оваа област.

-Учесниците на денешната работилница дадоа навистина корисни информации директно од изворот на самата суштина, чија цел ни е во иднина да ја менуваме. За надминување на тие проблеми остануваме во тој континуитет и во наредните работилници за осознавање на суштинските потреби, ќе вклучиме и деца и родители за надминување на актуелните проблеми, додаде Николов.

За реализација на проектот „Бравура Кооператива“ е корисник на финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*