Пристигна втората испорака од 30 неинвазивни медицински респиратори наменети за македонските болници

Пристигна втората испорака од 30 неинвазивни медицински респиратори од Швајцарија наменети за македонските болници. Активностите се реализираат преку Црвен крст Делчево, а последната пратка од респираторите наменети за болниците во Македонија е спроведена преку хуманитарната акција организирана од наши иселеници во Швајцарија.

-Целта на акцијата е опремување на болниците со соодветни апарати кои ќе овозможат да се спасат човечки животи во загрозени здравствени услови. Центар на примената опрема е нашата организација во Делчево од каде ќе се распределат во другите градови на државата, стои во официјалната информација за пристигнатата втора пратка на неинвазивни респиратори.

Оттаму информираа дека донатор на респираторните апарати е Швајцарската фирма BCD Microtechnique.

-Иницијаторот на активностите е Дејан Аџиоски како и организациите и поединците што го овозможија тој проект, се вели во официјалната информација за втората пратка неинвазивни респиратори.

Досега во Македонија преку овој проект доделени се 40 апарати во вредност од околу 400.000 франци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*